Тимур Дибиров со седум погодоци беше прво име кај Вардар на дуелот против Охрид, кој заврши со 27-22 во корис на актуелниот европски првак. Рускиот репрезентативец уште на првата средба го потврди она што го најави: „Ние поискусните, ќе се обидеме да им помогнеме на новите ракометари“.

Ова е само дел од формулата на Вардар, низ годините Дибиров заедно со Столе и Чупиќ се триото кое е задолжено за тимската атмосфера, за создавање на оној тимски дух за кој долго се зборува, како и давање на насоки. Во еден момент Чупиќ му држеше лекции на Векиќ, Столе на Талески…сите сакаат што поскоро да бидат компактни.

Вечерва во листата на стрелците се запишаа македонските репрезентативци Филип Талески и Гоце Георгиевски, постигнаа по три погодоци.

Листата на стрелци по првиот одигран меч на Вардар можете да ја видите во продолжение.

Тумур Дибиров 7, Гоце Георгиевски 3, Филип Талевски 3, Марко Вујин 2, Димитар Димитриоски 2, Иван Чупиќ 2, Патрик Валчак 1, Стојанче Стоилов 1, Глеб Калараш 1, Анте Гаџа 1, Јосип Векиќ 1. 

Вистинскиот тест не потценувајќи ги останатите противници за Вардар ќе биде финалето против Е.Пелистер, кое станува се пореално.