Охрид вечерва го запиша првиот пораз на струшкиот турнир. По триумфот над Бутел Скопје, падна против актуелниот европски првак.

Но, навивачите на овој тим имаат право на задоволство, нивните миленици играат добро, тоа го покажаа на отварањето на турнирот, како и во првото полувреме против Вардар. Па токму нивната пожртвуваност беше повеќе од доволна причина, дел од навивачите да дојдат во Струга и од надвор да ги бодрат играчите.