Вардар очекувано го совлада Охрид со 27-22 (13-12) на последниот меч во рамките на вториот натпреварувачки ден во Струга.

„Црвено-црните“ ја оправдаа улогата на фаворит, иако не „нагазија“ со полна сила, по долгата пауза европскиот првак полека го темпира темпото, а Стевче Алушовски комбинираше, шанса добија сите ракометари кои во новата сезона треба да ги гледаме на теренот.

Охриѓани кои го забележаа првиот пораз, одлично му се спротиставија на Вардар во првото полувреме. Имаа водство од 6-8 (најголемо на мечот) во 12 минута, но на полувремето водството му припадна на подобриот (13-12).

Одморот ги промените работите на теренот, „црвено-црните“ за брзо време набилдаа позитива, со серија од 4-0 поведоа со 17-12. Во продолжение одржуваа предност од четири до пет гола, доволно за прв триумф во првиот меч по долгата пауза.

Утре продолжуваат мечевите: Металург игра против Струга, Е.Пелистер  – Прилеп, додека пак Вардар ќе се сретне со Е.Пелистер 2.