Пирло немал никакви посебни услови откако добил покана да стане тренер на првиот тим на „Старата Дама“. Според информациите, легендата на Јувентус потпиша двегодишен договор според кој ќе заработува 1,8 милиони евра годишно, што е значително помалку од она што го имаа Сари и Алегри пред него.

Неверојатно е дека дури 20 играчи на Јувентус ќе бидат поплатени од Пирло, а тој ќе има поголема плата од само двајца играчи: Буфон кој заработува 1,5 милиони евра годишно, и младиот Пинсољо, кој заработува 300.000 евра годишно.

Кристијано Роналдо со 31 милион евра ќе заработува 17 пати повеќе од неговиот тренер.