Силјановска-Давкова на средба со уметници и актери

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силјановска-Давкова на средба со уметници и актери

Кандидатот за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова, денеска се сретна со уметници и актери со кои разговараше за актуелните случувања во областа уметноста.

„Се сретнав со наши уметници и актери. Загрижени се од сите скандали во Министерството за култура. Јас ви гарантирам дека како претседател ќе воспоставам еден основен принцип владеењето на право да важи за сите, секаде“, рече Силјановска-Давкова.

Таа им вети на уметниците и актерите дека по победата за претседател, ќе започне уривањето на заевизмот кој се повеќе им нанесува штета на граѓаните на Република Македонија. А, со самата победа на заевизмот, рече таа, ќе дојдат подобри времиња за граѓаните но воедно и за уметниците и актерите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата