Косово стагнира заради КОРУПЦИЈАТА И НАСИЛСТВА ВРЗ МАЛЦИНСТВАТА, порача Амбасадорот на САД во Приштина

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Косово стагнира заради КОРУПЦИЈАТА И НАСИЛСТВА ВРЗ МАЛЦИНСТВАТА, порача Амбасадорот на САД во Приштина

По извештајот на Стејт департментот за човековите права, во кој станува збор и за Косово, се огласи и американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет.

„Косово продолжува да стагнира заради корупцијата, нападите врз новинари, депортацијата на странски државјани спротивно на прописите и насилство над малцинствата“, пишува меѓудругото амбасадорот Коснет на својот профил на твитер.

Извештајот на Стејт департментот за човековите права на Косово во 2018 година укажува на постојана корупција во владините структури, закани и насилство врз новинари и членови на малцинствата и на слабо враќање на бегалците.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата