„Ивана“ е трета среќа за ХЕПИ ЕНД!

13.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Ивана“ е трета среќа за ХЕПИ ЕНД!

Групата „Хепи енд“  деновиве ја издаде својата трета песна „Ивана“, која е дело на Ташко Грујовски, кој ги направи музиката и аранжманот, а текстот го напиша Огнен Неделковски. За мастерингот на "Ивана" се погрижи Бобан Василевски, додека видеото кое што е снимано во Скопје е под режисерска палка на Владислав Гавриловски.

- Особено сме горди со "Ивана" затоа што го остваривме тоа што го замислувавме пред да почнеме со снимање. Идејата ни беше да ја снимиме песната надвор од денешните рамки каде што компјутерите се олеснувачки фактор при снимање на музика. Спротивно на денешните трендови, во оваа песна учествувавме сите членови на бендот. Сите инструменти во песната се отсвирени во живо и секој од нас има свој удел во тоа песната да звучи природно. Овој начин на работа бара знаење и искуство во музиката и сме многу благодарни што врвниот музичар и инструменталист Дарко Илиевски, кој ни пренесе дел од своето искуство и ни помогна со неговите идеи додека снимавме.  Целиот процес беше многу динамичен и убаво искуство и би сакале и во иднина да продолжиме со ваков начин на работа, велат членовите на бендот.

Пред "Ивана" тие имаат снимено две авторски песни со спот.  

- Бендот официјално постои од 2012-та година и е составен од шест членови: Игор Петковски (вокал), Владимир Николовски (гитара), Илија Маревски (бас гитара), Никола Шкрипцов (клавијатури),  Тодор Петров (виолина) и Дамјан Јоров (тапани). Имаме настапувано во многу локали низ државава,  на големи јавни настани и на концерти пред многубројна публика како  е Пиво Фест во Скопје и настапи како предгурпа на повеќе концерти на познати музички звезди од нашата земја и од екс југословенските простори. Бевме дел од емисијата “Вечер со Тијана” во која што бевме бендот што ги придружуваше гостите во емисијата. Нашите идни планови се интензивно да го збогатуваме нашиот репертоар со  уште многу авторски, велат тие.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата