Ловци на педофили НА ДЕЛО ФАТИЛЕ ПЕДОФИЛ ОД ГЕВГЕЛИЈА (ФОТО)

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ловци на педофили НА ДЕЛО ФАТИЛЕ ПЕДОФИЛ ОД ГЕВГЕЛИЈА (ФОТО)

Група балкански ловци на педофили откриле педофил-Македонец од Дубровник, кој преку Фејбук се допишувал со наводно 12-годишно девојче од Зрењанин. Групата Stoppedofilijisp редовно објавува комуникација на педофилите со девојчиња зад чии измислени профили стојат ловците на сексуалните предатори.

Се работи за Македонец од Гевгелија на привремена работа во Дубровник, а кој со месеци се допишувал со девојчето кое го запознал на Фејсбук и ја терал на блудни дејства. Македонецот на малолетничката и испраќал фотографии од неговиот пенис и пораки со експлицитна содржина и ја наговарал да му испрати свои голи фотографии и слики од гениталиите.

„Девојката” му одговорила дека нема да ги испрати своите фотографии додека не го потврди својот идентитет па педофилот ѝ  ја испратил дозволата за привремен престој во Хрватска. После тоа девојчето ја прекинала комуникацијата, а новиот педофил стана жртва на искусните балкански ловци на педофили, обичните граѓани кои со лажни Фејсбук профили откриваат предатори во земјите од поранешна Југославија речиси на неделна основа.

Ова е прв случај годинава да фатат педофил на подрачјето на Хрватска, а како според хрватското законодавство намера без контакт не е кривично дело, полицијата во Дубровник, веројатно се уште не е запознаена со случајот. За да биде работата полоша, Македонец е и татко на две малолетни деца, чии заеднички фотографии со него објавува на профилот на Фејсбук.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата