Дали е на повидок навистина СУПЕР ТРАНСФЕР ЗЕМЈОТРЕС. Имено како што напоменува еден од најголемите стручњаци за трансфери во Ла Лига, Гиљом Балаку, пред неколку денови раководството на Јувентус и го понудило Роналдо на Барселона. Јуве едноставно сака да се отараси од Португалецот кој годишно заработува 57 милиони евра бруто, а има и 35 години. Па веројатно е дека ќе го пушти и без некоја голема отштета.

Сега на ред е Барса да каже, но ете шанса конечно Меси и Роналдо да играат заедно. Иако сепак поизвесно е дека ако Роналдо веќе си оди од Јуве, тогаш ПСЖ е во “полпозиција“.

Се наведува дека Барселона му понудила на Арсен Венгер да седне на клупата, но ово ги одбил.