Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел секако презадоволен од настаните на вчерашниот меч против Аталанта изјави дека е горд на неговите фудбалери и пред се на клубот на се што она се случува сезонава.

„НА педесеттиот роденден на клубот и не можевме да одиграме поинаков натрпевар. Освоивме четири трофеји сезонава, а ете веќе сме и во полуфиналето на Лигата на Шампионите.

Не се сомневав во ниту еден момент дека ќе постигнеме гол додека бевме во негатива. А кога го дадовме првиот се завртев кон помошникот и му реков, дека веднаш ќе дадеме и втор. Одигравме фантасичен меч, заслужено сме тука каде што сме. Имавме контрола на нештата во вториот дел, го пронајдовме нашиот ритам, одигравме екстра“ – изјави Германскиот стратег.