Екипата на Аталанта синоќа е елиминирана од Лигата на шампионите по шокантнот пораз од ПСЖ со 2:1, во меч во кој Италијаните водеа се до последните минути, за да примат да експресни гола и испаднат.

Аталанта одигра херојски, поведе преку голот на Марио Пашалиќ но не издржа до крај.

„Болно чувство нема дилеми. Но, тоа е Лигана на Шампионите. Жал ми е и за нас, за клубот, за градот Бергамо. Одигравме најдобро што можевме, горди сме на самите себе, и ќе се вратиме следната сезона уште посилни. ПСЖ е екипа која може да ви даде гол во секој момент“ – изјави Пашалиќ по мечот.