Еден од најбараните италијански играчи ова лето е младиот Сандро Тонали. Откако Бреша испадна во Серија Б, Јувентус и Интер се кристализираа како главни кандидати за неговиот потпис.

Интер игра веќе долго време, преговара, но сè уште нема потпис. Сега откако Андреа Пирло седна на кормилото на Јувентус, „Старата Дама“ влезе во приказната како еден од кандидатите за потписот на младиот италијански репрезентативец.

Сепак, најновите настани скоро го исклучуваат тоа сценарио. Највлијателните италијански медиуми објавија дека Интер ги договорил личните услови со играчот, кој ќе потпише петгодишен договор вреден 17,5 милиони евра. Останува да се постигне договор со Бреша, коај инсистираше на компензација од околу 50 милиони евра, но испаѓањето во Серија Б ќе ги намали тие барања и се очекува да биде околу 40 милиони евра.