Иако изгледаше невозможно, сепак, ПСЖ ги помина сите малери и со епски пресврт успеа да стане прв полуфиналист во Лигата на шампионите оваа сезона.

Момците на Томас Тухел за точно 149 секунди успеаја да постигнат два гола и да го свртат резултатот на дуелот со Аталанта во своја полза.

Покрај тоа, ПСЖ, конечно, успеа да го разбие малерот, па по пауза од 25 години се најдоа меѓу четирите најдобри екипи во најсилното европско клупско натпреварување. „Светците“ последен пат играа во полуфинале во ЛШ во сезоната 1994/95 во ерата на Луис Фернандез.