УЕФА денеска со службен резултат 3:0 за екипата на Линфилд го регистрираше неодиграниот финален меч од прелиминарната фаза во Лигата на шампионите меѓу северно-ирскиот и косовскиот шампион.

Иако преставниците на Друта очекуваа поинаква одлука, УЕФА не чекаше многу, и само дне по неодиграната пресметка победата му ја доделија на Линфилд.

Главната причина за оваа одлука е тоа што натпреварот не можеше да се одложи повеќе од три дена (14 август), каде според решението се вели дека швајцарските власти побарале карантин во наредните 10 дена за екипата на Дрита. Косовскиот тим најавил жалба.