Порталот SafeBettingSites состави список на тимови кои во минатата сезона имаа најголем одлив на средства по основ на плата. Станува збор за просек од годишна плата на клубовите од Премиер лигата, Ла Лига, Серија А, Бундеслига и Лига 1.

Според сајтот, вистински лидер по висината на исплатените плати е каталонскиот гигант Барселона. Барса на своите фудбалери минатата година исплаќала највисока просечна плата по фудбалер од 12,28 милиони американски долари. Второто место на листата го има лутиот ривал Реал (М), каде просечна заработувачка по играч била 11,15 милиони долари. На високото трето место е Јувентус со просечна плата по фудбалер на годишно ниво од 10,11 милиони долари.

Англискиот шампион Ливерпул минатата година исплатил просечна годишна плата од 7,25 милиони американски долари, што е за над 5 милиони американски долари помалку од лидерот Барселона. Ливерпул е на третото место на оваа листа, но од клубовите во Премиерлигата, каде апсолутен лидер е Манчестер Јунајтед со 9,15 милиони долари просечна плата на фудбалер, а зад нив е Манчестер Ј. со просек на исплатена плата од 8,02 милиони долари.