Што мажите најмногу сакаат кај жените - НЕ Е АТРАКТИВНОСТА, ЕВЕ И ЗОШТО

12.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Што мажите најмногу сакаат кај жените - НЕ Е АТРАКТИВНОСТА, ЕВЕ И ЗОШТО

Новите истражувања покажаа дека привлечноста кај жените не е тоа што всушност најмногу го сакаат кај нив.

Социјален експеримент е спроведен на универзитет каде 163 студенти биле на состаноци за да ја истражат привлечноста. Најпрво биле запрашани мажите што претпочитаат кај жените, а одговорот бил дека тоа се физичката привлечност, карактеристиките на личноста и потенцијална заработка во иднина.

Клишето уште еднаш се потврдило, тие избрале физичка привлечност. Но, во следниот чекор, тие завршиле со тоа што по нивно мислење е совершена девојка,  за само кратко време да сфатат дека изгледот што првично ги привлекол е далеку од она што е потребно за да се роди „искра“ меѓу нив.

За долгорочни врски, мажите избрале личност со која ќе се чувствуваат пријатно во општеството и ќе имаат поддршка во иднина.

Изборот бил жена на која ќе можат да и веруваат, а проблемот со гламурозните и крајно привлечни жени носи постојан страв од нивно губење, несигурност во себе и затоа е разбирливо дека ќе избираат некоја со која ќе им биде пријатно.

Тие попрво би биле со просечни, интересни девојки, отколку со некои жени од фантазиите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата