Охрид го совлада Бутел Скопје со 25-24(10-9) во вториот меч на меѓународниот турнир во Струга. Двата тима очекувано одиграа неизвесен натпревар, кој се решаваше во самиот финиш.

Бутел Скопје имаше подобар вовед на дуелот, поведе со 7-5 по првите 15. минути, по што влегоа во ритам охриѓани. Со серија од 4-1 не само што ја надокнадија негативата, туку и поведоа со два гола, на полувремето заминаа со минимални 10-9.

По 11-9 на стартот на второто полувреме, со серија од 4-0 го вратија водството, имаа плус два (11-13). Но, ниту ова не беше доволно за сигурно чекорење кон триумфот, Охрид се врати и до крај гледавме неизвесна завршница.

Мајиќ со петтиот погодок зголеми на 23-22, но Манасков израмни на 23-23 за две минути до крајот. Бутел направи пробивање, Чагаљ казни за 23-24. На другата страна се повтори истата грешка, Ивановски веднаш реализираше за 23-25 за сигурна победа.

Тот и Блажевски со по пет погодоци беа најефикасни кај Охрид, на другата страна Печенковски имаше исто толку погодоци.

Последниот термин од првиот ден во Струга е резервиран за дербито меѓу Е.Пелистер и металург, дуелот почнува во 21:15 часот.