Централниот дефанзивец на Барселона, Жан-Клер Тодибо е фудбалерот кој има позитивен тест за за коронавирус. Претходно денес, Каталонците објавија дека имаат играч од првиот тим кој е заразен со КОВИД-19.

Самиот Тодибо ја потврди веста на Твитер.

„Здраво на сите. Позитивен сум на КОВИД-19. Немам никакви симптоми и се чувствувам добро. Јас сум дома и го следам санитарниот протокол. Полн со желба да се вратам на тренинг, но сега морам да останам дома”, напиша Французинот.

Тодибо минатата сезона играше на позајмица во Шалке 04 и сега се очекува да замине во Евертон.