Промоторот на трката за ГН на Русија во Формула 1, Алексеј Титов, ги коментираше најавите на медиумите дека организаторите на трката во Сочи планираат да ги пополнат трибините до 50% од капацитетот.

„Се случи невидена ситуација оваа година. Ние воопшто не ги продадовме билетите веќе три месеци, а сега работите малку продолжија. 50% од вкупниот капацитет на Олимпискиот парк треба да биде исполнет со навивачи. Така се разговара и се договара со Министерството за здравство“, вели тој.

„Максималниот број на публика ќе биде околу 30-32 илјади луѓе“, додаде Титов. Трката од Ф1 во Сочи е на програмата од 25-27 септември.