Струга ги собра најдобрите македонски екипи во овој момент. 48-то издание на меѓународниот турнир денеска и официјално започна, а по завршување на дуелот меѓу Прилеп и Струга, говор одржа организаторот, Наумче Мојсоски.

Мојсоски заедно Стојанче Стоилов беа во центарот на вниманието, двете икони на мак-спорт порано заедно соработуваа во националниот дрес.

Столе и Вардар дури утре ќе истрчаат на теренот во Струга, за противник го имаат тимот на Охрид.