Volkswagen Комерцијални Возила ја претставува електричната мобилност

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Volkswagen Комерцијални Возила ја претставува електричната мобилност

Нови решенија за одржлива мобилност и транспорт на стоки и луѓе во урбаните региони – Volkswagen Комерцијални возила го претставија електричниот транспорт од иднината.

Томас Седран, претседател на одборот за менаџмент на Volkswagen Commercial Vehicles, ги најави целите на брендот:

„Во традицијата на Volkswagen е да бидеме чекор понапред, ние сега работиме на решенија за предизвиците на иднината, размислувајќи за одржлива мобилност за нашите клиенти и за подобар квалитет на воздухот во нашите градови“.

Cargo e-Bike

Во својот проект, брендот разви товарен трицикл, кој што корисниците на брендот ќе можат да го користат за последниот чекор од испораката – трговците, на пример, би можеле да го искористат за возење до работните места, без притоа да и наштетат на околината. Cargo e-Bike може да носи до 210 килограми, вклучувајќи го и возачот, и може да се справи со товарен волумен од еден пол кубен метар. Опремен со мотор од 250 вати поставен во средина со автоматски менувач, има мал круг на вртење и иновативна технологија со постојано одржување на перфектна хоризонтална поставеност на возилото. „Нашиот Cargo e-Bike ги спојува сите познати карактеристики за користење и возење за да направи совршен производ“, нагласува Седран.

ABT e-Caddy и ABT e-Transporter

Овие две нови, електрични решенија за урбан транспорт беа развиени во соработка со стратешкиот партнер ABT и тие го затворија претходниот јаз во програмата за електрифицирани модели на брендот. Со отпочнувањето на производството на е-Crafter, решенијата за ретрофит веќе се подготвени за малите комбиња и возилата за испорака ќе пристигнат на пазарот во почетокот на 2019 година. Капацитетите на батериите се 36 и 72 kWh. Ова им овозможува на возилата да покриваат опсег од 200 или 400 км со едно полнење.

I.D. BUZZ CARGO концепт комби

Идеалното возило за градскиот сообраќај од иднината, тоа секако е електрично и нуди многу креативно дизајнирани решенија за максимална удобност за возачот. Опремен со комплетно нов електрифициран систем кој беше развиен за сервисни монтажери и техничари за одржување кој нуди поврзување со функционална контролна единица на корисникот. Системот за работа и нарачување може да се имплементира на овој начин. Целата стока од магацинот може да се следи. Доколку се појави потреба од било каква стока, системот може да ја испорача автоматски. Вратите може да се отворат електрично, а системот за следење на стока може да се прилагоди. Томас Седран изјави: „Ова возило стои како доказ дека ги слушаме нашите клиенти, ги разбираме нивните потреби и развиваме решенија кои се прецизно дизајнирани да ги исполнат. Ние ги снабдуваме нашите клиенти со возилото кое токму на нив им е потребно“.

Crafter HyMotion концепт комби

Базирано на е-Crafter, и во суштина претставува одличен наследник за покривање на големи растојанија. Crafter HyMotion е електрично напојувано 3.5-тонско комбе кое добива енергија од горивна ќелија. Неговиот резервоар за водород од 4,2 килограми овозможува вкупен опсег од 350 км. Резервоарите во HyMotion имаат модуларен дизајн. Втора верзија е достапна со поголеми резервоари со досег до 500 км. Хајнц-Јирген Лев, раководител на продажба и член на управниот одбор на Volkswagen Комерцијални возила, нагласи: „Ова е сеуште концепт возило, но техничкиот концепт е веќе во фаза на продукција. Ние спроведуваме интензивна анализа на трошоците и придобивките кои ќе го определат потенцијалот на пазарот. Crafter HyMotion со погон на горивни ќелии е апсолутно корисен додаток на нашето богато портфолио на возила.“

Томас Седрен истакна дека и покрај напредокот постигнат во неопходната електрификација на своите производи, Volkswagen Комерцијални возила ќе продолжат да се потпираат на високо напредните дизели како столб за логистика на многу гранки и оперативни цели.

Брендот веќе ги покажува решенијата за предизвиците на иднината. Седран изјави: „Ние ја поврзуваме сегашноста со иднината. Затоа, нашето мото е – Иднината започнува сега!“.

(ПР текст)

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата