Заев ја соопшти НАЈНОВАТА АНКЕТА - ЕВЕ КОЛКАВ Е РЕЈТИНГОТ

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев ја соопшти НАЈНОВАТА АНКЕТА - ЕВЕ КОЛКАВ Е РЕЈТИНГОТ

„Ако водевме 11,9, сега водиме 5,9. А ВМРО-ДПМНЕ е фиксирано. Одредени слабости на власта наштетија. Ние сме паднати 6 отсто, ако се тешиме Ципрас падна 11 отсто, изјави синоќа премиерот Зоран Заев во неговото гостување во Само Вистина на Канал5.

Заев рече дека според последните анкети рејтингот на власта паднал за 6 проценти, а за тоа придонеле храбрите одлуки како уставните промени и Законот за јазици, но и одредени слабости, како непотизмот и тоа прави штета на владејачката гарнитура.

Јас сум искрен човек и тоа тешко се надоместува. Но, ако не ги повторуваме грешките мислам ќе успееме. Пораката е примена и сега на нас е тоа да го поправиме, истакна премиерот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата