Приведени осомничените координатори на масовните протести во Минск

12.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Приведени осомничените координатори на масовните протести во Минск

Наводните координатори на масовните немири во Белорусија биле приведени во средата во главниот град Минск, јави новинската агенција БелТА.

Според новинската агенција, еден од уапсените престојувал во хотелот „Белорусија“. За него се верува дека ги координирал постапките на тројцата подредени. Претходно, БелТА објави дека полицијата во Минск уапсила човек кој им давал пари на демонстрантите.

„За време на притворот човекот даваше активен отпор кон полициските службеници и му го скрши носот на едниот од нив. Во неговиот ранец беа пронајдени повеќе од 10.000 американски долари, за кои се верува дека се за плаќање за учесниците во масовните немири”, соопшти белоруското МВР.

Протестите во Минск избувнаа откако беа објавени резултатите од претседателските избори на 9 август. Според првичните податоци на Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко го обезбеди својот реизбор со 80,08 отсто од гласовите, а неговиот клучен ривал, Светлана Тикановскаја, освои 10,09 отсто од гласовите.

Неколку илјади лица беа приведени по судирите со полицијата. Десетици полицајци и демонстранти беа повредени.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата