На миленичката на Трамп ѝ застуде во Белград, момчето милијардер ѝ купи пет бунди

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На миленичката на Трамп ѝ застуде во Белград, момчето милијардер ѝ купи пет бунди

Во текот на вчерашниот ден, 13 март, Тифани Трамп уживаше во белградски ресторан со француско мени. По ручекот, ќерката на претседателот Доналд Трамп, со насмевка на лицето, се упати кон хотелот.

Нејзиното момче, Мајкл Булос, одлучи да ја израдува, поточно да ѝ купи бунда. Тој во придружба на пријател се упати во бутикот на познатата српска креаторка Ирена Граховац, каде што купи една бунда  на попуст, плаќајќи ја 500 евра. После тоа се врати во хотелот, и потоа заедно со Тифани ја контактираше Ирена Граховац. Булос брзо се врати во бутикот и зеде уште 4 бунди, исто по цена од 500 евра.

На крајот, Мајкл Булос плати вкупно 2.500 евра за овие пет бунди.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата