Фудбалерите на Шахтјор од Доњецк направија голем исчекор кон полуфиналето во Лигата на Европа, откако во првите 45 минути од пресметката со Базел во Гелзенкирхен обезбедија одлична предност. Украинците водат со 2:0 благодарение на погодоците на Мораеш (2′) и Мораеш (22′).

 

На пресметката меѓу Вулверхемптон и Севиља резултатот остана нерешен, 0:0. „Волците“ добија шанса за водство уште во 13. минута, но Хименез не успеа да реализира удар од белата точка. Ова беше прв промашен пенал за него по серија од 8 погодоци од белата точка.