Во Обвинителството ќе бидат презентирани информации за несреќата кај Ласкарци

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Обвинителството ќе бидат презентирани информации за несреќата кај Ласкарци

Во просториите на Јавното обвинителство денеска ќе се презентираат информации за текот на постапката во врска со автобуската несреќа кај с. Ласкарци.

Прес конференцијата ќе ја одржи основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев.

Пред еден месец, поради се уште не јасни причини, автобус на компанијата „Дурмо турд“, кој патувал од Скопје кон Гостивар, излета од патот и падна во бездна кај селото Ласкарци, при што животот го загубија 15 луѓе, а десетици беа повредени. Во автобусот беа 51 патник, сите од Гостивар.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата