Интер води со 2:1 на полувреме во Дизелдорф против Баер (Л), додека Манчестер Ј. и Копенхаген останаа со празни мрежи.

Интер тргна фуриозно и со голот на Барела поведе уште во 15. минута. На втор го во мрежата на „фармацевтите“ се чекаше само 6 минути, па Лукаку по вторпат ја затресе мрежата на Баер (Л) и Интер обезбеди предност од 2:0.

„Фармацевтите“ иако се чинеше дека полека тонат, голот на Каи Хаверц во 24. минута како да ги врати во живот.

 

На мечот во Келн, Манчестер Ј. погоди во самата завршница на полувремето, но голот на Гринвуд беше поништен поради офсајд, па на полувреме се замина со стартните 0:0.