Трагичната судбина на кумата на Цеца, ГО ЗАГУБИ ЖИВОТОТ ВО ЗАСЕДА НАМЕНЕТА ЗА ДРУГ

10.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трагичната судбина на кумата на Цеца, ГО ЗАГУБИ ЖИВОТОТ ВО ЗАСЕДА НАМЕНЕТА ЗА ДРУГ

Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражњатовиќ Аркан се сретнаа на 11 октомври 1993 година, на прославата на Денот на српската волонтерска гарда во Ердут, а на 19 февруари 1995 година го изговорија судбоносното „Да“ пред пријателите и семејството.

Кума на Цеца на свадбата беше млада новинарка во подем, Маја Павиќ. Само две години подоцна, во февруари 1997 година, Маја беше убиена во заседа со своето момче Раде Чалдовиќ Кента на Француската улица.

Маја Павиќ, уште како средношколка, стана фотомодел поради нејзината убавина и висина, а потоа заврши двегодишна обука како новинарка-презентерка, бидејќи сметаше дека новинарството е нејзиниот живот. Маја во 1991 година, таа започна со работа на телевизија.

Таа се запозна со Цеца во 1993 година, кога ја ангажираа од седиштето на ССЈ  на Аркан за да води промотивни митинзи и настани.

- Беше досаден ден во ноември. Се запознав со Цеца во гардеробата на Спортската сала во Панчево. На прв поглед, таа не ми беше симпатична, а ми се чинеше ниту јас на неа. Зошто? Па, така беше. Тоа траеше три дена. На четвртиот седнавме во некој џип и оттогаш сме неразделни. Често спиевме една кај друга, заедно јадевме, се дружевме... потоа одев на сите нејзини концети, таа доаѓаше на снимање на мои емисии, изјави Павиќ во тоа време. 

За кумството таа вели дека немала дилеми дали ќе се согласи.

- Се согласив, се разбира - рече тогаш Маја и додаде дека морала да издржи неколку недели метеж и врева околу свадбата, дури и имала чувство дека и таа ќе се мажи.

Маја Павиќ тогаш откри како се запознала со нејзиниот кумашин Аркан, кој претставувал предизвик за сите новинари.

Тоа беше преку Раде Чалдовиќ, пријателот на Аркан од детството. Се запознавме во диско на 26 април 1994 година и сè уште трае, изјави тогаш Павиќ

Траеше до 15 февруари 1997 година. Во раните утрински часови, го убија Раде Чалдовиќ Кента, едно од последните познати имиња на белградското и европското подземје, но и Маја Павиќ, која била со него, на улицата Француска, пред Клубот на писателите. Маја кога ја убија имаше 25 години.

Кента се гледал со Маја се почесто низ градот и почнале заедно да градат куќа и да спремаат заеднички живот. Некои велат дека тој премногу се опуштил и во тој момент смртта престигнала.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата