Денеска 422 оздравени пациенти - ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ ЗА СИТЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ

10.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денеска 422 оздравени пациенти - ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ ЗА СИТЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 додека 422 се оздравени, а едно лице ја загуби битката со коронавирусот.  

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 11942,  бројката на оздравени пациенти е 8087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3327

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација. 

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 7 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата