Малку чудно, но таква беше “среќата“ на нашите екипи кои ова лето ќе ја претставуваат Македонија во фудбалска Европа. Познато е дека во квалификациите во ЛШ и ЛЕ ќе се игра по еден меч, но интересно е тоа што ниту една наша екипа нема ѕој меч да го игра дома, сите се на гости. И тоа на гости во Азербејџан со кого ќе имаме троен дуел, единствено Ренова му гостува на Алашкерт во Ерменија. Оној Алашкерт кој лани ја елиминираше Македонија ЃП во првата квалификациска рунда.

Силекс ќе патува кај Карабах, тоа е меч од Лигата на Шампионите, се игра на 18/19 август. Шкендија ќе му оди на гости на Сумгаит, исто во Азербејџан и тоа на 27 август. На истиот датум пак, исто во Азербејџан ќе гостува и Шкупи кај Нефчи. Овој тим пред неколку години беше елиминиран од Шкендија.

И на крај Ренова, рековме веќе дека “гипсарите“ патуваат во Ерменија и ќе играат на 27 август во првото коло од квалификациите во Лигата на Европа.