Мечот од второто коло во ПМФЛ меѓу Силекс и Пелистер ќе се игра во петок.

Оваа промена на терминот доаѓа по барањето на кратовци, да се игра два – три дена порано од превиденото поради настапот на евро-сцената. На почетокот на следната недела ги чека мечот со Карабах од првото коло во Лигата на шампионите.

Пред малку заврши ждрепката за второто квалификациско коло, македонскиот претставник во случај да го мине тимот на Карабах од Азербејџан, тогаш во следната рунда ќе ги одмери силите, исто во еден меч, и тоа против подобриот од дуелот меѓу Шериф Тираспол (Молдавија) и Фола ЕШ (Луксембург), овој натпревар ќе се игра на 25/26 август.