Јелена Карлеуша е една од најдобро облечените јавни личности во регионот. Секојдневно објавува фотки на кои е ’скоцкана’ од глава до пети, а освен што троши огромни суми за брендирани парчиња, често се појавува и во евтина облека.
- Доволно сум богата да можам без комплекси да носам фустан од 10 евра, затоа што во гардероба имам милиони. Според тоа, гордо носам и ПЛТ фустани од 7 евра и висока мода. Важно е да ми стои како што треба, инаку се е џабе, вели Карлеуша.