ПАЃАЊЕ ВО НЕСВЕСТ! Лепа Брена ја продава вилата на Бежанија:Цената “ептен ситна“

10.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПАЃАЊЕ ВО НЕСВЕСТ! Лепа Брена ја продава вилата на Бежанија:Цената “ептен ситна“

Тоа го потврдила во една емисија.

Лепа Брена, која скоро два месеца со сопругот Слободан Бобо Живојиновиќ престојува во Монте Карло, постојано менува планови кога е во прашање бизнис. Откако синовите и се осамостоиле, таа во договор со сопругот пред две години одлучила да ја продаде карингтонката на Бежаниска Коса. Меѓуто, во меѓувреме одлучила сепак да не ја продава, за да на крај повторно се вратила на првата идеа, сепак да ја продаде. Засега тоа не им е приоритет, но доколку налета на добар купувач, пејачката и некогашниот тенисер со задоволство ќе преговараат.

“Зошто да не, секоја стока има свој купувач. Се што е во нашето работење и бизнис, се е на продажба“, потврдила балканската дива во емисијата “Grand news”.

Да потсетиме, Брена и Бобо пред две години ја ставиле куќата на продажба, наводно за два милиона.

“Карингтонката“, која долго ја поседуваат, за нив двајцата станала преголема со што размислувале да ја заменат на Дедиње или Сењак.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата