Второлигашите денеска го искористија денот за нови пријателски средби, а играа веројатно најквалитетните имиња во двете конкуренции.

Гостивар и Брегалница одиграа 0:0 во Гостивар во меч во кој и двата тима комбинираа со составите. Имаше шанси на обете страни но не и голови.

Од друга страна пак, Тиквеш на домашен терен ја совлада Плачковица со головите на Љамчевски и Христов за конечни 2:0.