За Шкендија – Ноа, Сумгаит, Петрокуб или Локо Тбилиси Фудбалерите на Шкендија се единствените од Македонија кои се во улогата на провилегирани за утрешната жрепка на УЕФА за првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Според поделбата на групите која се случи вечерва се знаат четирите можни ривали на „црвено-црните“ од Тетово. Станува збор за непознати клубови како Ноа од Ерменија, Сумгаит од Азербејџан, Петрокуб од Молдавија и Локомотив Тбилиси од Грузија. Натпреварите од оваа фаза се играат на 27 август. Шкендија е во групата 14 и е носител заедно со екипите на Универзитатеа (Романија), Бачка Топола (Србија) и Кајрат (Казахстан). Според одлуката на УЕФА се игра само еден натпревар а ждрепката ќе каже со кого и каде Шкендија ја почнува новата евро-сезона.