Тимот на Шкупи вечерва ги доби можните противници за првото квалификациско коло Лига на Европа.

Во групата на фаворити кои можат да им се паднат на Чаирчани се Азербејџанските екипи Кешла и Нефчи, како и Израелскиот  Хапоел Бер Шева.

Секако дека се работи за квалитетни и тврди противници но на еден меч се е можно. Утре во 13:00 часот е ждрепката, а мечот се игра на 27. август.