Како што неофицијално дознаваме, Ренова има намера да се жали на настапот на младинецот на Струга Трим Лум Блертон Шеји. „Гипсарите“ сметаат дека Шеји немал право да игра за стружани како младинец со оглед на тоа дека играл натпревари за Албанија, и тоа за младинската селекција. Сепак нашите информации велат дека Шеји имал право на настап за Струга Трим Лум и тоа поради фактот дека има наш спортски пасош, а дека за Албанија играл на пријателски натпревари. Во Кометот на ФФМ Шеји е воведен како младинец од Македонија, за разлика на пример од Арлинд Шабани кој е младинец од Косово.

Да потсетиме дека во минатото се случи “скандалот“ со правилото младинец, познатиот случај “Фазлагиќ“.