МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 2:1 (1:0)

Стадион на Чаир. Судија: Јосип Бартон (Скопје). Стрелци: Божиновски 42., Адем 90+2. (МАК), Тодоровски 56. (РАБ). Ж. Картони: Атанасковски (МАК), Шаркоски, Ѓорѓевиќ, Стојкоски, Зука (РАБ).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Стефковски, Демир (91. Адем), Атанасковски, Мишевски, Китановски (86. Стошиќ), Божиновски, Филиповски (91. Личина), Ковачев, Воша, Аугусто (85. Петров), Емини.

РАБОТНИЧКИ: Јанков, Ѓорѓевиќ, Петковски, Тодоровски (71. Дао), Силјановски, Шаркоски (78. Тошевски), Пановски (46. Зука), Стојкоски (78. Ломба), Максимов (60. Ѓурѓевиќ), Станковски, Трајковиќ.

Ермедин Адем е херојот на Ѓорче. Влезе во игра во првата минута од судиското продолжение, а веќе во следната минута по додавањето на Петров, успеа да го матира Јанков за победа од 2:1 на Македонија ЃП против Работнички во градското дерби.

Апсолутно заслужен триумф, „лавовите“ беа подобри, имаа повеќе шанси, повеќе од играта. Од Работнички, од составот на Ратко Достаниќ се очекуваше далеку повеќе. Инаку ова е прв пораз на српскиот стратег на клупата на Работнички.

Инаку уште во 12.минута Воша имаше супер можност за водство, но Јанков прекрасно спаси. Десет минути подоцна и Ковачев беше во шанса, но овојпат Јанков го спаси Работнички. Но не можеше да спаси во 42.минута кога по еден центаршут од десно, Боби Божиновски во пад успеа да постигне гол со глава и да донесе радост во Ѓорче.

На почетокот на вториот дел Работнички се тргна, почна да игра и во 56.минута Тодоровски со прекрасен шут од 10 мери нештон одлево успеа да стрела за 1:1. Се чинеше дека „романтичарите“ ќе тргна по втор гол, но тоа не се случи. Македонија ЃП беше таа што посакуваше втор гол. Имаше две шанси за гол, но тој падна дури во 92 минута.

Уште еднаш, солидна Македонија ЃП, Работнички далеку од посакуваното.