Екипата на Ренова не успеа на домашен терен да ја искористи својата предност во рамките од првото коло од новиот шампионат на Македонија, и одигра само 0:0 против екипата на Струга Трим Љум. Во меч во кој домашните доминираа барем што се однесува до шансите и можат да жалат што не дојдоа до посакуваните три бода.

А можеа тоа да го сторат уште на стартот од мечот затоа што Емран Рамадани, кој патем пристигна во таборот на „Гипсарите“ токму од Трим Љум изби сам пред противничкиот гол, шутираше и ја погоди гредата.

Пред крајот на првиот дел, Рамадани ја имаше и втората маестрална можност откако како на „тацна“ беше проигран од лево, со глава на петерец бие покрај дирек.

Во второто полувреме Ренова стартуваше со шансата на Мишковски кој од корнер искористи одличен центаршут, биеше со глава, но гостинскиот голман одлично реагираше и изби во поле. Сепак, топката тигна до Селмани кој од „втора“ во истата акција одново се обиде но ни тој не успеа да го совлада Ѓуриќ.

На спротивната страна Алтипармаковски добри избега по десно, нафрли на петерецот, а таму со глава осамен биеше Лена но само во голманот Велии.

До крајот Ренова притисна, имаше иницијатива но не успеа да создаде уште една ситуација која што би значела опасност и евентуелен нејзин триумф. Струга Трим Љум може да биде среќна што успеа да си замине со бод дома и позитивно да го започне овогодинешниот шампионат.

РЕНОВА  – СТРУГА ТРИМ ЉУМ 0:0

Градски Стадион во Тетово

Главен судија: Марјан Гоцевски (Струмица)

Играч на натпревар: Урош Ѓуриќ (Струга Т.Љ.)

Ж.картони: Фетаи, Стојчевски (Р) ТАири, Шеји, Цаке (СТЉ)

РЕНОВА: Велии, Гавазај, Садики (Стојчевски 74‘), Селмани, ГАфури, Рамадани (Јашароски 79‘), Мишковски, Сефо (Шефити 46‘), Фетаи, Велија, Абдула

СТРУГА Т.Љ.: Ѓуриќ, Ристевски, Шеји, Цаке, Таири, Алтипармаковски, Лена (Цветаноски 85‘), Османи, Касами, Миленковски (Хани 90‘), Шабани