ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 2:2 (2:0)

Стадион на Чаир. Судија: Јован Качевски (Струга). Стрелци: Дарбо 6., 44. (ШКУ), Дориев 60., Ахмеди 66. (ШКЕ). Ж. Картони: Илјази, Кривањева, Дарбо (ШКУ), Дориев (ШКЕ)..

ШКУПИ: Наумовски, Илјази, Глишиќ, Јусуфи, Исени, Кривањева, Диак, Дарбо, Билали (74. Гулу), Адеми (66. Бериша), Нето.

ШКЕНДИЈА: Захов, Бејтулаи, Алими, Ибраими, Тотре, Ахмеди (84. Зејнулаи), Дориев (76. Имери) Садриу (71. Павиќ), Мурати, Незири, Рамадани (46. Нафиу).

Одлично, супер дерби на Чаир, кое на крајот заврши без победник со резултат 2:2. Домашните тргнаа урагански, уште во 6. минута по асистенцијата на Адеми, Дарбо Дембо ја затресе мрежата на Шкендија.Следуваше освестување на тетовци, Дориев беше во шанс но немаше израмнување. Во 36. Рамадани испрати одличен шут, но голманот на Шкупи беше на своето место. И тогаш контра на Шкупи, Исени го проигра Дарбо Дембо а овој во 45.минута стрелаше за 2:0. Во првиот дел домашните фанови „шверцери“ беа пред стадионот на Чаир и го бодреа својот тим. Се слушаше како да се на трибините.

Во вториот дел Дориев се разигра. Сепак првата шанса ја имаа домашните, одново Дарбо Дембо можеше да дојде до нов гол. Во 60.минута Дориев стрела ефектно, од околу 15 метри за намалување на водството, за да шест минути подоцна и 2:2, Дориев од лево центрираше а Ахмеди изранува и го поставува конечниот резултат. Во финишот Нафиу имаше супер шанса за целосен пресврт, ги мина сите, и голманот Наумовски но чист гол спаси Кривањева.