Бил Гејтс: Пандемијата за богатите ќе заврши во 2021 година, ЗА ДРУГИТЕ ПОДОЦНА

9.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бил Гејтс: Пандемијата за богатите ќе заврши во 2021 година, ЗА ДРУГИТЕ ПОДОЦНА

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс проценува дека пандемијата на коронавирус за „богатиот свет“ ќе заврши до крајот на 2021 година, но дека на другите ќе им треба повеќе време за да се опорават.

- Иновациите во дијагностиката, терапиите и вакцините се импресивни. Затоа верувам дека во богатиот свет можеме да ставиме крај на пандемијата до крајот на 2021 година, а за остатокот од светот до крајот на 2022 година, рече Гејтс, пренесува CNET.

Гејтс ги финансира медицинските истражувања и програмите за вакцина преку неговата фондација Бил и Мелинда Фејтс.

Тој е свесен дека пандемијата ги врати назад сите земји во светот кога станува збор за економскиот раст, борба против ХИВ и маларија.

Гејтс го критикуваше американскиот систем за тестирање на коронавирус, како и начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација се справуваат со ситуацијата. Тој отворено рече дека големиот број на случаи на коронавирус во САД е резултат на недоволно тестирање и следење на контакти, како и на неносење заштитни маски.

Гејтс верува дека вакцината ќе биде развиена, но дека поради разни проблеми, вклучително и производството, ќе може да им помогне само на побогатите земји.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата