По завршување на мечот меѓу Сити и Реал, во кој “граѓаните“ победија и се пласираа во следната фаза во Лигата на Шампионите, интересна случка на празниот “Етихад“. Пеп Гвардиола и Зинедин Зидан разговараат, но не се дозна за што правеле муабет.

По неколку денови Пеп конечно ја откри мистеријата…

Му честитав на освојувањето на Ла Лига. Секогаш кажувам дека најтешко е да го освоиш домашниот шампионат зошто твојата екипа треба да биде подготвена единаесет месеци. Уште разговаравме и за нашите семејства и му посакав се најубаво. Зидан беше еден од моите идоли кога игравме фудбал, игравме еден против друг со нашите репрезентации. Беше еден од најголемите и како човечко суштество може на сите да им послужи како пример. Ми се допаѓа како ја претставува наша професија“ рече Гвардиола.