ХИТ ВИДЕО ЗА ДЕНЕС: Си посла пешкир и си се избања во „Аеродромското езеро“

9.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ХИТ ВИДЕО ЗА ДЕНЕС: Си посла пешкир и си се избања во „Аеродромското езеро“

Младо момече од општина Аеродром, сакајќи да ги покаже огромните „езера“ кои се формираат во неговата населба после секој посилен дожд и да ги потсети надлежните локални власти дека треба да преземат мерки за да ги санираат дупките, изведува интересно шоу, глумејќи дека е на плажа.

Прво си го поставува пешкирот на импровизираната плажа, а потоа оди и да се избања во езерото, се прска под мишка, дури и мавтајќи им на соседите кои го гледаат од околните плажи.

Видеото е споделено на фејсбук групата „Јас сум општина Аеродром“, преку социјалната мрежа Тик ток

„Аеродром деновиве, жалосно (кратка видео - презентација). Браво за дечкото“, пишува администраторот на групата.

Во еден од коментарите на постот, во кој има комични досетки и поздрав за дечкото кој реши на овој начин да и покаже на општина Аеродром дека треба да ги земе работите во свои раце, се наведува дека оваа локација е на улица „Фрањо Клуз“ бр.11, во стар Аеродром, и секоја година кога има врнежи, за жал, е вака. 

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата