„Кога ќе се сетам дека сум славна, ТОА МЕ РАСТАЖУВА, НЕМАМ СЛОБОДА“

9.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Кога ќе се сетам дека сум славна, ТОА МЕ РАСТАЖУВА, НЕМАМ СЛОБОДА“

Популарната пејачка Лејди Гага откри дека мрази да биде славна, и дека поради нејзината популарност, се чувствува, како што вели, како да е во затвор.

Таа го изјави ова за време на првата епизода од нејзиното радио шоу „Гага радио“, која ја имаше својата премиера на „Епл мјзуик“ во петокот.

„Кога ќе се сетам дека сум Лејди Гага, сум многу тажна. Обожавам да сум Гага, но мразам дека немам никаква слобода затоа што сум славна. Се чувствувам како да сум во затвор. Мразам да бидам славна. Да се ​​биде уметник не беше мој избор, но сепако би занимавала уметноста, но исто така не избрав да бидам популарна, рече таа за време на шоуто.

Гагасе осврна и на оригиналното име на албумот „Хроматика“, кој сакала да го нарече „Слободна жена“.

- Најпрво сакав да го наречам албумот „Слободна жена “, а идејата ми беше да бидам во кафез на насловната фотографија, како во затвор, рече таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата