Жестока кавга меѓу Биковиќ и Ѓукановиќ! Од нивните зборови ГОРИ твитер, а се почнало со Хрватска

6.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жестока кавга меѓу Биковиќ и Ѓукановиќ! Од нивните зборови ГОРИ твитер, а се почнало со Хрватска

Конфронтирани мислења за многу деликатна тема

Народниот пратеник во Собранието на Србија и функционер во СНС Владимир Ѓукановиќ и познатиот глумец Милош Биковиќ влегле во кавга на Твитер, а темата била: Дали Срби треба да патуваат во Хрватска на одмор? 

“Сите вие кои го сончате задникот по Хрватска, од срце сакам да ви го скршам автомобилот и гумите дупнати, по некоја шлаканица или клоца во задникот, надуени келнери кои ве игнорираат, најлош арсенал со навреди и закани... На сите да ви е срам колку сте бесчуствителни луѓе“, напишал Ѓукановиќ на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

На овие зборови, кои предизвикале полемика многу корисници на оваа социјална мрежа реагирал и познатиот глумец Милош Биковиќ.

“Чико, дали смеам да одам во Америка?. Тие нас не бомбардираа? А во Германија? Тие испотепаа многи Срби. Австрија? Унгарија? Италија? И останатите земји кои не бомбардираа? Каде смеам да одам? И не ми посакувајте лошо, јас сум граѓанин на Србија а Вие сепак пратеник под заклетва“, напишал

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата