Севиља и Баер (Л) обезбедија место во четврфиналето на Лигата на Европа, откако вечерва обезбедија победи над Рома (2:0), доносно Ренџерс (1:0) во мечевите од осминафиналната фаза. Севиља и Рома одиграа само еден меч во осминафиналето и тоа вечерва на неутрален терен во Германија, а Шпанците во секој сегмент беа подобри од Италијанците и сосема заслужено се меѓу осумте најдобри во ова натпреварување.

Одлуката за победникот падна уште во првото полувреме. Со голот на Регулион во 22. минута Севиља поведе со 1:0, а во завршницат ана првото полувреме Ел-Несири успеа и по вторпат да го матира голманот на Рома за предност од 2:0.

Во второто полувреме Севиља имаше уште неколку шанси и з апоубеднива победа, но на крајот Рома остана и среќна со овој пораз со два гола разлика.

Баер (Л) со огромна предност од 3:1 го дочека Глазгов Ренџерс на овој возвратен меч и се чини немаше потреба премногу да се труди за да го потврди местото во следната фаза. Со голот на Диаби во 51. минута „фармацевтите“ само го запечатија своето место во четвртфиналето. Таму за противник ќе го имаат тимот на Интер.