Послените денови од животот Исидора ги поминала во Охрид

6.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Послените денови од животот Исидора ги поминала во Охрид

Познатата српска писателка Исидора Бјелица вчера на 52 години почина во Белград, по неколкугодишна борба со ракот. Писателката починала во станот на нејзините родители во Нов Белград, а последните денови ги поминала во Охрид. Таа дошла во Македонија за време на викендот, за да се одмори, јавија српските медиуми, но бидејќи состојбата ѝ се влошила, итно се вратила во Србија пред два дена.

Бјелица токму во Македонија пред неколку години извојува неколку успешни битки против ракот, но се случи ремисија на болеста.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата