Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џeјмс нема да игра на вечерашниот натпреварот на неговиот тим против Хјустон Рокетс.

35-годишниот лидер на „езерџиите“ има повреда на препоните, поради што мора да мирува.

Натпреварот не е од суштинско значење за Лејкерс, бидејќи тие и официјално го освоија првото место во Западната конференција. Џејмс ќе направи мала пауза пред да се врати комплетно оправен за клучните средби.