СДСМ: Новата влада ќе има помал број министри

6.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СДСМ: Новата влада ќе има помал број министри

СДСМ информира дека започнале сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници на политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во парламентот и формирање посветена Влада, чија задача ќе биде и да спроведе сериозна реформа на јавната администрација.

„Реформата ќе донесе ефикасно служење на потребите на граѓаните, но и промена со која обемот на администрацијата ќе се намали за 20%. Предвиден е помал број министри и рационализација на јавните служби, кои истовремено ќе обезбедуваат поголем број и побрзи услуги за граѓаните.

Администрацијата мора да им служи, а не да им биде товар на граѓаните и затоа во администрација ќе работат тие што се подготвени да им служат на граѓаните“, информира партијата.

Според нив, дел од реформата на администрацијата е укинувањето на патните трошоци за пратениците во Собранието, бидејќи покажа можност за злоупотреби и сериозно ја намали довербата на граѓаните во своите претставници.

„Граѓаните ни ја дадоа довербата, бидејќи знаат дека во наредните четири години ќе работиме уште повеќе и уште подобро“, се вели во соопштението.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата