Досегашниот капитен на тимот на Валенсија, Дани Парехо е пред трансфер во тимот на Виљареал. Шпанците јавуваат дека ваквиот развој на настаните е многу веројатно со оглед на смената на генерации во Валенсија. Парехо за „Лилјаците“ одигра близу 300 мечеви, нивен член е уште од 2011 година и е една од иконите на клубот. Сепак, на се му доаѓа крај, па така веројатно и на престојот на еден од најдобрите играчи на Валенсија во изминатата декада.

Валенсија прави целосен ремонт во тимот па на излезна врата се и Силесен, Мангала, Диакаби, Кондогбиа, Сориано, Гамеиро, Морено….